Поради дефект на водоводната мрежа, пукната цевка со профил ф300, денес од 10:00 часот ќе има неколку часа прекин во водоснабдувањето во населбата „Црногорци“ на улиците: „Кленоец“, „Радојца Новичиќ“, „Петрино“ и „130та“, како и на делови од с.Лескоец и с.Лакочереј, информира ЈП „Водовод“ Охрид.
Екипи на ЈП „Водовод“ се на терен и ќе работаат се до целосна санација на дефектот, соопшти јавното претпријатие.
OhridNews