Поради приклучување на два нови станбени објекти во водоводната мрежа, денеска до 17:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улицата „Богомилска“ и кај комплексот згради во населбата „Христо Узунов“, информира ЈП Водовод Охрид.
Работите за приклучување на новите објекти на водоводната мрежа започнаа утрово.
OhridNews