Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Македонски Просветители“ (на потегот од ЕВН до пожарна), дел од Бул.„Туристичка“ и дел од „Дејан Војвода“ (на потегот од ЕВН од пресекот со улицата „Абас Емин“), информираат од ЈП Водовод Охрид.
Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со интервенцијата.
OhridNews