Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 12:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите, Кошишта, Воска и Далјан, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.

OhridNews