Денеска во периодот од 05-18ч. автопатот А1 ќе биде затворен за сообраќај и тоа делницата од Градско до Неготино, поради снимањето на францускиот филм “A Fond”. Во вторник, 20.10.2015 година, снимањето ќе се случува на делницата од мотел Македонија до Градско од 05:00 до 18:00 часот и сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат кој е обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.

Според информациите од АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.

Поради обилни врнежи од дожд локалниот пат с. Ропаљце према с. Никуштак е во прекин. Поради одрон на патот на м.в.Градиште, во прекин за сите видови возила е патниот правец Пробиштип-с.Кнежино.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.