Поради испад на 10-киловолтен далновод, доцна попладнево краток период без електрична енергија останаа населените места во охридско, струшко и ресенско. Најголемиот дел од овие населени места добија струја, освен Лескоец и Велгошти, каде се уште се работи на отстранување на дефектот, информираат од центарот за грижа за корисници при ЕВН Македонија.

Оттаму додаваат дека екипи на ЕВН работат на терен и се очекува брзо да биде нормализирано електроснабдувањето во Лескоец и Велгошти.

Околу 20.40 часот во Охрид повторно имаше неколкуминутен прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Проблеми со струјата денеска имаат и селата во горна Дебарца: Арбиново, Лактиње, Сливово, Мраморец, Турје и Врбјани.

OhridNews