Од ЕВН Македонија информираат дека денес, од 13.30 часот до 15 ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во селото Долно Лакочереј и потрошувачите на улица Радојца Новичиќ.
Прекин ќе има и во струшко, од 12 до 17 часот во дел од село Велешта и од 8 до 12 Меѓународниот универзитет во Струга и потрошувачите во околните објекти.
Прекинот е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.