Снежните врнежи предизвикаа прекин во
снабдувањето на населението со електрична енергија во с.Опеница и околината поради дефект на далековод.
Дежурните екипи на ЕВН се на терен и работат на отстранување на истиот., соопти Центарот за управување со кризи-ЦУК.
Поради поголем дефект на водоводна цевка на ул.Петар Поп Арсов, без водоснабдување во Охрид се улиците: Петар Поп Арсов, дел од Бул.Туристичка и Стив Наумов.
ЦУК – Охрид, известува дека сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци во Охридскиот регион се одвива редовно во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег.
Забрана за движење на ТТВ има на патните правци : Струга – Ќафасан , Маврово – Дебар – Струга, Пресека, Стража – Кичево и М.Брод -Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информира ЦУК.
Г.М.