Поради прекин во меѓународните линкови за интернет предизвикан од дефект на телекомуникациски кабел во Србија, вчера во Македонија интернет сообраќајот се одвиваше отежнато и со чести прекини.

Проблеми во снабдувањето на своите корисници имаа речиси сите специјализирани компании и кабелски оператори, а состојбата се нормализира во попладневните часови откако било извршено поврзување со меѓународниот линк кој поминува низ соседна Бугарија.

Од компаниите кои нудат интернет услуги добивме информација дека проблемот сега е надминат и дека не се очекуваат нови поголеми прекини во интернет сообраќајот.

OhridNews