Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека во четврток на 25-ти јуни 2015 година на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште, поради изведување на градежни работи со минирање, ќе има прекин на сообраќајот од 16 до 17 часот. Истиот ден поради изведување на градежни работи со минирање прекин на сообраќајот ќе има и кај месноста Пресека – Врбјане од 15 до 17 часот.

Според најавите, прекин на сообраќајот на овој патен правец, кај месноста Лавчанско речиште ќе има и во петок на 26-ти јуни од 16 до 17 часот.

OhridNews