На патниот правец Кичево – Охрид кај село Врбјани после планинскиот превој Пресека, поради работи на пат (минирање), денеска во период помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути, соопшти АМСМ.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони.
OhridNews