Средниот бек Славиша Димитријески и следната сезона ќе биде дел од Ракометниот клуб Охрид, откако успешно завршија долготрајните преговори помеѓу двете страни.

Првично, Димитријески и РК Охрид не беа на иста бранова должина, но во текот на преговорите двете страни најдоа заеднички јазик и пуштија рака за нова соработка.

Со продокжувањето на соработката со Димитријески, Крсте Андоновски, Иван Тасески и Бобан Блажески и претходното ангажирање на Златко Везенковски и голманот Мартин Јовановски, РК Охрид го комплетираше костурот кој ќе го понеси товарот во новата сезона.

„Гладијаторите“ подготовките ќе ги почнат на 8 август, а до тогаш сигурно ќе се доведат уште неколку засилувања, кои, ќе треба да помогнат во борбата за плејофот.

OhridNews