Втората рунда од преговорите меѓу претставниците на владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ и најголемата опозициона партија СДСМ, со посредство на тројцата членови на европскиот парламент заврши денеска во Брисел без конкретен договор, а не беа соопштени ниту повеќе детали за што се разговарало, јавува телевизија „Телма“.

Во кусото соопштение од европските посредници, членовите на европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан , единствено се наведува дека сите учесници на состанокот во Брисел се договориле дека разговорите треба да продолжат, пренесува „Телма“.

OhridNews
извор: „Телма“