Преговорите помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ) за надминување на политичката криза во земјата, што со посредство на еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан и меѓународната заедница се одржаа денеска во Брисел, завршија без успех, јави доцна вечерва дописникот на телевизија „Алсат М“.
Засега нема други детали од средбата, ниту информации дали евентуално е постигнат некаков договор преговорите да продолжат.
По минатонеделниот состанок на Хан со лидерите на политичките партии во Скопје, беше договорено организирање на предвремени парламентарни избори до април следната година, а во меѓувреме треба да се поправи Изборниот законик, да се направат реформи во судството, засилено владеење на правото и слободата на медиумите. Но напорите на меѓународната заедница за решавање на политичката криза во Македонија, засега не ги доближија ставовите на власта и опозцијата кои не отстапуваат од своите тврди позиции.
OhridNews