Без успех заврши првиот обид за дијалог меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во Европскиот парламент во Брисел, со посредство на европратениците Вајгл, Кукан, и Ховит.
Тројцата претставници на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски и претставниците на СДСМ, Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и Виктор Габер, попладнево имаа кус заеднички состанок посредуван од европратениците.
Според информациите и на оваа средба, претставниците на СДСМ останале на барањето за оставка на владата, јавниот обвинител и раководството на МРТ. Го повториле ставот дека единствено политичко решение е формирањето на преодна влада, која би имала мандат да создаде услови за фер и демократски избори, и избор на нов обвинител кој би ги процесуирал сомнежите за корупција и криминал откриени со прислушуваните разговори.
Тоа било отфрлено од делегацијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по што состанокот завршил. Владејачката партија останала на позициите јавно декларарани од премиерот Груевски – дека кризата треба да се реши со правна разрешница на случајот Пуч, а политички дека може да се разговара за сите барања на опозицијата, како што се пописот, нов избирачки список, измени во изборниот законик и состојбата во медиумите, но не и за преодна влада и нови избори.
Изјави по средбите немаше. Единствено канцелариите на европратениците испратија соопштение во кое најавуваат дека дијалогот ќе продолжи.
-Денеска се оддржа состанок во Брисел меѓу претставниците на главната македонска Влада и опозициските партии со членови на Европскиот парламент. Сите учесници се согласија дека разговорите треба да продолжат, стои во краткото соопштение.
Денешните разговори во Брисел започнаа околу пладне зад затворени врати, со одвоени средби на делегациите на двете партии со европските политичари, а потоа се одржа и работен ручек на кој европратениците ги поканија само Шеќеринска и Попоски.
Според информациите, следната рунда разговори ќе биде исто така во Брисел, по Велигденските празници, кон средината на Април.
OhridNews
Извор:„24 Вести“
Без успех во Европскиот парламент во Брисел, заврши првиот обид за дијалог меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со посредство на европратениците Вајгл, Кукан, и Ховит, и под будното око на претставници на Европската комисија.
Тројцата претставници на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски и претставниците на СДСМ, Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и Виктор Габер, попладнево имаа кус заеднички состанок посредуван од европратениците.
Според информациите и на оваа средба, претставниците на СДСМ останале на барањето за оставка на владата, јавниот обвинител и раковдството на МРТ.
Го повториле ставот дека единствено политичко решение е формирањето на преодна влада, која би имала мандат да создаде услови за фер и демократски избори, и избор на нов обвинител кој би ги процесуирал сомнежите за корупција и криминал откриени со прислушуваните разговори.
Тоа било отфрлено од делегацијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по што состанокот завршил. Владејачката партија останала на позициите јавно декларарани од премиерот Груевски – дека кризата треба да се реши со правна разрешница на случајот Пуч, а политички дека може да се разговара за сите барања на опозицијата, како што се пописот, нов избирачки список, измени во изборниот законик и состојбата во медиумите, но не и за преодна влада и нови избори.
Изјави по средбите немаше. Единствено канцелариите на европратениците испратија соопштение во кое најавуваат дека дијалогот ќе продолжи.
– Денеска се оддржа состанок во Брисел меѓу претставниците на главната македонска Влада и опозициските партии со членови на Европскиот парламент. Сите учесници се согласија дека разговорите треба да продолжат, стои во краткото соопштение.
Денешните разговори во Брисел започнаа околу пладне зад затворени врати, со одвоени средби на делегациите на двете партии со европските политичари, а потоа се одржа и работен ручек на кој европратениците ги поканија само Шекеринска и Попоски.
Според информациите, следната рунда разговори ќе биде исто така во Брисел, по Велигденските празници, кон средината на Април.