Вчеравечер, околу 21 часот и 10 минути, на Бул. Туристичка, во близина на КАМ маркет, се случила тешка сообраќајна незгода. 15 годишно девојче бегајќи од куче скитник истрчало на улица и во тој момент било удрено од страна на патничко моторно возило со охридски таблици.

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо”.

Веднаш по настанот на лице место е извршен увид од страна на полицијата, а во присуство на истражен судија.

OhridNews