На 7-ми август во 20,35 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во с.Требениште, се случила сообраќајна незгода. Патничко возило  „лада самара“ со охридски регистерски таблички управувано од Б.Н.(54) од Охрид удрило во пешакот Цвета Н.(58) од споменатото село.

Во незгодата Цвета Н. се здобила со тешки телесни повреди и била  пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им подлегнала на повредите.

МВР не соопшти кои биле причините за несреќата.

ohridnews