Утрово околу 9:30 ч. на булеварот Туристичка се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувале пешак и голф тројка со охридски регистарски таблички.

Во несреќата потешко е повреден пешакот (79) кој итно бил префрлен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо.

Детали за несреќата не се соопштуваат, а очевидци велат дека глетката била страотна.

Г. М.