Криумчарите на дрога на американско-мексиканската граница новите пратки се обиделе да ги префрлат со катапулт, соопштиле американските медиуми. Војните трупи кои ја обезбедуваат границата со видео надзор минатиот петок снимиле неколку луѓе како припремаат катапулт и префрлаат пакети преку границата.
Катапултот од три метри го пронашле монтиран на автомобил кој бил оддалечен од оградата околу 18 метри. Криумчарите со него можеле наеднаш да префрлат пакети од околу два килограми. Американските граничари за случајот ја известиле мексиканската полиција, која запленила 15 килограми марихуана, катапултот и автомобилот. Криумчарите успеале да побегнат.