Предвремено родените бебиња во болницата Ал-Шифа најголемата во градот Газа ги завиткуваме во пластична фолија и ги ставаме до топла вода во очајнички обид да ги одржиме во живот, предупреди директорот на болницата Мухамед Абу Салмија.

Абу Салмија за телевизијата Ал Арабија изјави дека бебиња биле извадени од инкубаторите бидејќи не работеле, и откако веќе нема залихи на кислород и гориво и биле завиткани во фолија за да се загреат.

Вработените во болницата Ал-Шифа се борат да ги одржат во живот новороденчињата, а бебињата беа преместени од инкубаторите во неонатална единица во друг дел од болницата.

Светската здравствена организација соопшти дека болницата Ал-Шифа во градот Газа „повеќе не функционира како болница“ и дека бројот на смртни случаи во болницата „значително се зголемил“.

OhridNews