Фолклорен концерт по повод претстојните Велигденски празници се одржа вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ .
На концертот настапија оркестарот и играорните групи на охридското Културно-уметничко Друштво „Македонка“ а како специјални гости познатите естрадни уметници Виолета Томовска и Наум Петрески.
Виолета Томовска и Наум Петрески настапија пред охриѓани
Организаторот на концертот, локалната самоуправа претходно најави дека за љубителите на фолклорот и народната музика е обезбеден бесплатен влез.
ohridnews