Групата „Чалгија саунд систем“ на 11- ти април, во охридскиот Центар за култура ќе одржи предвелигденски концерт на кој охриѓани ќе имаат можност да уживаат во звуците на македонската чалгиска музика.

Чалгија саунд систем е состав формиран во 2008 година од група на млади луѓе кои претходно беа ангажирани во неколку проекти со слична музичка ориентација како Калдрма, Бидичалги и Стринг Форсис. Во него членуваат Добрила Грашеска – вокал, Александра Кузман на виолина, Бошко Мангаровски – канун, Филип Крстевски – дајре и тарабука и Дориан Јовановиќ на ут, а нивната идеја при формирањето н агрупата била да посегнат по старата македонска чалгаџиска традиција, при тоа создавајќи свои авторски композиции во тој дух.

По бројните настапи на сцените во државава, Чалгија саунд систем во декември 2010 година, го снимија материјалот за својот првенец, албумот што го носи името на составот.

Концертот ќе се оджи во големата сала на центарот за култура со почеток во 20 часот. Влез е 100 денари.

OhridNews