Културните работници и вработените во културните установи во земјава, во вторник, 24 декември, ќе излезат на предупредувачки штрајк, незадоволни од тоа што се уште не е потпишан Колективниот договор во оваа сфера.
Централниот штрајкувачки одбор на Синдикатот на вработените во културата – СКРМ, донесе одлука за преупредувачки штрајк на 24.12.2019 година доколку во петок не биде постигнат договор меѓу Премиерот и Министерот во врска со колективниот договор. Штрајкот ќе подразбира прекин на работниот процес еден ден. По предупредувачкиот штрајк на 24ти, ако не биде постигнат договор СКРМ ќе продолжи со штрајкови по празниците. – најави СКРМ.
На штраjкот што го иницираше Синдикатот на вработените во културата, ќе се придружи и СОНК. Овој гранков синдикат денеска донесе одлука да ги поддржи барањата на вработените во културата.
Според најавите на штрајкот ќе се приклучат вработените во културните усттанови во Охрид.
Последен пат колективен договор во културата е потпишан во 2004 година. Со него се прецизираат правата и обврските на вработените во културата, работното време, коефициентот, висината на платите и друго.
OhridNews