Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ја известува јавноста за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните.
Измамниците преку оваа страница се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса); податоци за здравствено осигурување; податоци за банкарски сметки и кредитни картички; како и кориснички имиња и лозинки, велат од ФЗОМ.
ФЗОМ категорично ги предупредува граѓаните да не ги внесуваат своите лични податоци на веб-страницата. Официјалната веб-страница на Фондот е исклучиво fzo.org.mk.
Воедно информираат дека веќе преземаат мерки за да ја блокира оваа лажна веб-страница и да ги заштитат граѓаните. Фондот соработува со надлежните органи за да ги идентификува и казни сторителите на оваа измама.
OhridNews