Предупредување на јавноста за лажно претставување на субјект во името на Централен регистар. Имено, извесен субјект во името на Централен регистар нудел на правни субјекти извесни услуги, вклучувајќи пакети, сертификати, награди и сл. а притоа информирајќи ги субјектите за нивната деловна состојба, а за услугите барајќи одреден надомест.
Зад истиот понудувач на наведените услуги НЕ СТОИ Централниот регистар како институција и децидно се оградуваме од било каква соработка и поврзаност со понудувачи од овој вид, велат во соопштението..
Ги советуваме граѓаните да не подлегнуваат на информации од овој вид, за сѐ што ќе бидат информирани од надворешни субјекти / понудувачи да бидат ВНИМАТЕЛНИ, да го информираат Централниот регистар, со цел да се заштитат себеси а и останатата јавност од ваков вид на злоупотреба, додаваат во соопштението.
Воедно велат за дополнителни информации граѓаните може да се обрата преку меил адресата [email protected].
OhridNews