BAYER LEVERKUSEN-PSG 2 (2.3)

Вечерва во 20.45 продолжува лигата на шампиони играат Баер Леверкузен и ПСЖ. Наш избор за вечерва е екипата на ПСЖ,која е во многу поголема форма од екипата на Леверкузен.

ПСЖ во осмина финалето се пласира како прва екипа пред Олимпијакос,Бенфика и Андерлехт со 16 бодови 4 победи,1 нерешен натпревар против Андерлехт и 1 пораз од Бенфика.

Во Француската лига ПСЖ е неприкосновена,во последните 5 натпревари имаат 3 победи и 2 нерешени натпревари и се со 5 бодови позитива пред Монако.

Единствен хендикеп на ПСЖ е неиграњето на Едисон Кавани кој е повреден,но тука се Ибрахимович,Лавеци,Пасторе,Тиаго Мота и Џереми Менез.

Од друга страна пак Леверкузен играше во групата А и заврши како 2-ра (по оној несреќен пораз на Шахтјор),оставајќи ги зад себе екипите на Шахтјор и Реал Сосиедад.

Леверкузен во групата имаше 3 победи,1 нерешен натпревар и 2 порази. Во германската будес лига е на 2-рата позиција и е без шанса за титула покрај прејаката екипа на Баерн Минхен.

Во последните 5 натпревари од бундес лигата Леверкузен имаат 2 победи и 3 порази,што укажува дека се во голем пад на формата.

Интересно е што досега овие две екипи се немаат сретнато и ова ќе им биде првиот двобој. Останува да видиме дали ПСЖ вечерва без проблем ќе си ја заврши работата на патот кон четврт финале.

Повредени играчи ПСЖ:Кавани,Камара,Жале

Повредени играчи Леверкузен:Крузе,Дердиок,Рејнартц

Суспендиран е само Емре Чан од Леверкузен.

Ohridnews