Градоначалникот на Охрид Александар Петрески одржa прием за децата од здруженијата на слепи и глуви лица од Охрид. На средбата децата добија новогодишни пакетчиња, а беше разговарано и за проблемите со кои се соочува оваа категорија лица и начините како општината да помогне во нивно надминување.
Најголем проблем како што рекоа претседателите на здруженијата на слепи и глуви се недостатокот на финасиски средства и несоодветната инфрструктура, поради што голем број установи и институции сеуште им се недостапни на слепите и глуви лица.
Тардиционална предновогодишна средба со членството одржа и Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа. На средбата локалната самоуправа, женската секција при ОК на ВМРО ДПМНЕ и црквата Св. Еразмо на децата со посебни потреби им подарија новогодишни пакетчиња.
Во име на здружението благодарниост упати претседателот Наташа Чочегова која испрати и порака за здравје, среќа, подобар живот и поголема грижа за оваа категорија луѓе во новата година.