Новогдишната атмосфера во Охрид ќе почне да се подгрева на 30 декември кога на плоштадот Св. Климент Охридски ќе настапат две фолклорни групи од Охрид. Предновогодишната забава ќе продолжи во 19 часот со настап на  мандолинскиот оркестар од Свети Николе.

На 31 декември на плоштадот ќе се одржи традиционалната детска забава на која ќе настапат млади интерпретатори.

Главната забава за дочекот на Новата година ќе започне во околу 22 часот. Како што е познато годинава во Охрид ќе настапат Александра Пилева, Мартин Вучиќ и охридската група Блум. Пилева ќе настапи во придружба на струшкиот бенд „Мама“, додека Мартин ќе биде придружуван од “Блу Функ Индивидуалс”, кои ги знаеме како пратечкиот бенд на Тоше Проески.

Од организацискиот одбор информираат дека за безбедноста на посетителите на дочекот на новата година ќе се грижи приватно обезбедување, а засилено ќе биде и присуството на полицијата. Организаторите апелираат до граѓаните да се воздржат од употреба на петарди и други пиротехнички средтва за да се избегнат несакани инциденти на дочекот на Новата година.

ohridnews