Брод „Армада“

Од 11.12.2021 - 20:00 до 25.12.2021 - 20:00

Бродот Армада од минатиот викенд започна со тематски предновогодишни крстарења.

Во топол амбиент, со музика во живо гостите имаа можност да уживаат на првата „Боемска ноќ“, крстарејќи покрај стариот дел на градот и ривиерата.

Ваквите предновогодишни крстарења ќе продолжат сите наредни викенди во месец декември, и тоа секој петок со забавна музика и „EX-YU“ хитови, додека саботите се резервирани за боемите и љубителите на кафанските хитови. – велат од менаџерскиот тим на „Армада“.

Цената на овие крстарења изнесува 1200 денари и вклучени се 4 часа крстарење, музика во живо, богата закуска и 4 пијалоци по лице. При реализирање на настаните се почитуваат сите протоколи за заштита од Covid19. Заради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација, посочуваат од „Армада“

Комплетната понуда може да се погледне на следниот линк.

Покрај овие тематски крстарења, бродот може да се закупи и за приватни корпоративни или фамилијарни прослави.

За сите оние кои сакаат за момент да побегнат од секојдневието, од Армада ги покануваат да им се придружат на незаборавно предновогодишно дружење.

OhridNews