Една од најстарите фудбалски школи во Охрид, Еврофудбал во кафе барот Офсајд им приреди новогодишна забава на членовите и родителите.
Годинава што изминува фудбалската школа „Еврофудбал“ работеше под полна пареа што беше забележано од најтрофејниот клуб Вардар. Охридската школа стана огранок на Вардар и голем дел на членови веќе им се приклучија на „црвено црните“.
Од школата им посакуваат среќни и весели празници на сите охриѓани и вљубеници на спортот ширум Македонија.
Ohridnews