Поминете пријатна предновогодишна вечер во ресторан „Тино“-Св.Стефан каде ќе ве пречека секогаш расположениот и професионален тим кој ќе се погрижи за вашето убаво расположение.
И оваа година исклучително богато мени за сечиј вкус. Можете да избирате помеѓу Мени 1 кое чини 700 денари: мешана салата, печурки на скара, мавровска пастрмка од 350 грама со гарнир, десерт и вклучен еден пијалок.
Мени 2 кое чини 600 денари: мешана салата, парче сирење, плескавица вешалица, десерт, еден пијалок.
За пијалок може да се избира помеѓу: чаша наливно вино, пиво Скопско, пелинковац, узо, жолта ракија.
Се нуди и опција со неограничен пијалок, за Мени 1 чини 1090 денари, а Мени 2 чини 990 денари.
Пријатната предновогодишна атмосфера ќе биде надополнета со одлична музика и познати рефрени.
Резервации може да се вршат на телефоните: 046 209-340 и 071 352-706.
OhridNews