Традиционалната предновогодишна претстава на училишниот центар “Киборд“ се одржаа синоќа во х. Милениум. Младите ученици на различна возраст на симпатичен начин со изведба на песнички на англиски и германски јазик се претставија пред своите родители.

Аплаузиоте не изостанаа, а на крајот од претставата дечињата од Дедо Мраз добија и подароци за Нова Година.

Училишниот центар “Киборд“ постои 5 години. Покрај странските јазици, курсистите посетуваат и компјутерсјка обука, како и часови по математика и стручно усовршување.Предновогодишната приредба е дел од едукативната програма на училишниот центар “Киборд“.


слики од настапот на младите ученици од “Киборд“