Менаџерскиот тим на Metropol Lake Resort, во соработка со Црвен крст Охрид денеска во хотелот Белви ќе организира бесплатен ручек за 300 најсиромашни наши сограѓани.

Покрај музика и дружење, на најмладите ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња.

Утре новогодишен ручек ќе биде организиран и за старите лица сместени во гериjaтриското одделение при опшптата болница во Охрид.

Предновогодишна забава денеска организира и дневниот центар за децата со посебни потреби “Порака“ на која на младите со пречки во развојот ќе им бидат доделени новогодишни пакетчиња.