В сабота со почеток во 12 часот во спортската сала „Тодор Александров“ во организација на Основното училиште „Живко Чинго“ ќе се одржи предновогодишен турнир во мал фудбал.

На турнирот ќе учествуваат екипи од училиштето „Живко Чинго„ и фудбалскиот клуб „Фер-Плеј„ од Охрид.
 
Од училиштите се надеваат од година во година екипите учесници ќе се зголемуваат и турнирот ќе прерасне во традиционален за овој дел од годината.

Мх.П.