И овој пат Петар Маркоски не почести со уште една своја песна со која сака да им се заблагодари на сите оние кои го подржуваа во изминатата 2011 година и се надева на уште поголема подршка во новата година со што ќе продолжи да не изненадува и успешно да ја гради својата кариера.
Насловот на песната е „Како скитник“ на која се потпишува музичкиот продуцент Даниел Јовески – Sustain Entertainment (музика и аранжман) а текстот е на Петар Маркоски.
„Оваа песна е посебно драга за мене бидејќи како текстописец се потпишувам лично јас, односно тоа е мој прв текст“ – вели Петар.