Во среда, 18 декември, на плоштадот „Крушевска Република” (кај Стариот Чинар) со почеток во 12 часот ќе се одржи предновогодишен хуманитарен настан „Новогодишен сон”.
Настанот е во организација на Црвен Крст Охрид во соработка со Општина Охрид со цел да се приберат средства кои ќе бидат наменети за разубавување на новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.
На настанот со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од основните училишта во општина Охрид, а воедно ќе се продаваат производи изработени од нивните вредни рачиња.
Настанот ќе го води Жанко З`ш Голабоски и ќе биде присутен Дедо Мраз. За секој купен производ на базарот ќе се извлекуваат симболични награди.
OhridNews