Голем младински предновогодишен хепенинг ќе се одржи денеска во дискотека Парк – 4 Seasons во Охрид.
Организатор на овој настан кој претставува завршница на тримесечниот проект „Зајакнување на младите-помагање на иднинатаâ“ е културниот центар „Медиa Aртес“ Проектот е подржан од Германската амбасада и Пактот за стабилност на југо-источна Европа.
Деца и младинци, на возраст од 6-18 години од Охртид и Ресен-учесници во проектните активности, ќе изведат повеќе театарски и мултимедијални перформанси, после што следи журка за учесниците и посетителите на настанот.
Инаку проектните активности кои се реализираа во изминатите неколку месеци, беа базирани на креативни содржини од областа на неформалната и социјалната едукација и театарската педагогија.
ohridnews