Предметите кои се наоѓале во куќата каде Мајкл Џексон живеел со своите деца последните години пред смртта, биле продадени на аукција за речиси милион долари. Претставник на аукциската куќа „Џулиен“ во Лос Анџелес изјавил дека лицитацијата постигнала речиси тројно поголема сума од првобитната процена, која се движела помеѓу 200 и 400 илјади долари.
Најголем интерес имало за таблата со пораките на децата на Мајкл Џексон, која се продала за 5000 долари и ормарот на кој починатиот крал на попот напишал порака на огледалото, кој достигнал цена од речиси 19 илјади долари. Тепихот кој се наоѓал под креветот во кој починал пејачот, бил продаден за повеќе од 15 илјади долари, иако неговата почетна цена била само 600 долари.