Преметите на славниот актер Џон Вејн биле продадени на дводневна аукција за 5,4 милиони долари, а меѓу понудените предмети биле повеќе од 700 костими, лични предмети и награди. Аукциската куќа Херитиџ соопштила дена на продажба во Лос Анџелес биле и последната возачка дозвола на актерот, футрола и ремен за пиштол од филмот „Елдорадо“ како и превез за око кој го носел во филмот “Човекот наречен храброст“.
Каубојскиот шешир кој го носел во вестерните „Големиот Џејк“ и „Каубои“ бил продаден за 119 илјади долари. Дел од приходите остварени на аукцијата ќе бидат искористени за фондацијата за борба против ракот, која го носи неговото име, и за финансирање на истражувања и набавка на лекови.