Илјадници лични предмети на некогашниот американски претседател Џон Кенеди, кои му припаѓале на негов долгогодишен соработник, биле продадени на аукција за два милиони долари, пренеле агенциите. За најголема сума била продадена неговата пилотска јакна, за која еден од купувачите издвоил дури 570 илјади долари, додека роденденска честитка која му ја испратил неговиот син била продадена за 17 илјади долари, а американското знаменце кое се наоѓало на лимузината со која се возел претседателот за 55 илјади долари.
Во колекцијата која се нашла на аукција, имало и писма, фотографии, книги и други предмети кои ги поседувал соработникот на Кенеди Дејвид Пауерс. Иако тој починал пред 15 години, сите овие предмети биле откриени дури откако неговите наследници одлучиле да ја продадат куќата во Масачусец во која живеел. Пауерс бил близок соработник на претседателот Кенеди, од крајот на Втората светска војна, до убиството во 1963 година.