Milan-Sassuolo 1 (1.65)
Попладнево во италјанската Серија А играат Милан-Сасуоло,а ние типуваме на домаќинот.
Екипата Милан се наоѓа на 7-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи (Удинезе 2:0,Наполи 2:0),два нерешени натпревари (Интер 1:1,Рома 0:0) и еден пораз од Џенова со 1:0.
Од друга страна пак Сасуоло се наоѓа на 12-та позиција и на последните 5 натпревари имаат исто така две победи (Торино 0:1,Верона 2:1),два нерешени натпревари (Рома 2:2,Чезена 1:1) и еден пораз од Палермо со 2:1.
Според традиција овие две екипи се изедначени со по две победи.
Litvinov-Olomouc 1 (1.45)
Попладнево во Чешката хокејарска Екстра Лига играат Литвинов-Оломуц,а ние типуваме на домаќинот.
Екипата на Литвинов се наоѓаат 2-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа во регуларниот дел со Славија Прага со 0:1,две победи на пенали (Млада Болеслав 2:3,Злин 4:3) и два порази во регуларниот дел (Комета Брно 1:3,Миунтфилд 2:1).
Од друга страна пак екипата на Оломуц имаа две победи во регуларниот дел (Либерец 2:0,Спарта Прага 0:1) и три порази во регуларниот дел (Комета Брно 3:1,Пардубице 6:2,Витковице 2:1).
И традицијата е на страна домаќинот кој имаат две победи на два одиграни натпревари против Олумуц.
Sparta Praha-Liberec 1 (1.45)
Друг интересен натпревар во чешката хокејарска Екстра лига играат Спарта Прага-Либерец,а ние типуваме на домаќинот.
Екипата на Спарта се наоѓа на втората позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи во регуларниот дел (Славија Прага 3:0,Комета Брно 2:8,Злин 2:6) и два порази во регуларниот дел (Карлови Вари 5:3,Оломуц 0:1).
Од друга страна пак Либерец се наоѓа на 10-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа во регуларниот дел со Пардубице со 5:1,една победа на пенали со Славија Прага со 1:2,еден пораз на пенали со Тринец со 3:4 и два порази во регуларниот дел (Либерец 2:0,Витковице 4:1).
Спарта Прага победува на последните 7 натпревари.
Chicago-Colorado 1 (1.75)
Вечерва во НХЛ лигата играат Чикаго-Колорадо,а ние типуваме на домаќинот.
Екипата на Чикаго е во одлична форма годинава,се наоѓа на втората позиција,на последните 5 натпревари имаат една победа во регуларниот дел со Колорадо со 2:5,една победа во продолженијата со Далас со 5:4,една победа на пенали со Нешвил и два порази во регуларниот дел (Винипег 1:5,Вашингтон 3:2).
Од друга страна пак Колорадо се наоѓа на 12-та позиција,на последните 5 натпревари имаат една победа во продолженијата со Филаделфија со 4:3,една победа на пенали со Едмонтон со 2:1 и три порази во регуларниот дел (Чикаго 2:5,Ст.Луис 3:0,Колумбус 3:4).
Чикаго победува на последните 2 натпревари во низа против екипата на Колорадо.
Dallas-Columbus 1 (2.00)
Друг интересен натпревар вечерва во НХЛ лигата е натпреварот Далас-Колумбус,а ние типуваме на домаќинот.
Екипата на Далас игра во Западната Конференција,се наоѓаат на 10-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Ст.Луис 3:4,Њу Јорк Ренџерс 3:2,Аризона 6:0,Минесота 7:1) и еден пораз во продолженијата со Чикаго со 5:4.
Од друга страна пак Колумбус играат во Источната Конференција,се наоѓаат на 12-та позиција и на последните 5 натпревари имаат три победи (Бостон 6:2,Минесота 3:1,Колорадо 3:4) и два порази во регуларниот дел (Нешвил 1:5,Аризона 6:3).
По традиција овие две екипи се изедначени со по 5 победи на последните 10 натпревари.