UDINESE-FIORENTINA 0-2 гола (1.7)

Вечерва се игра првото полуфинале во купот на Италија.Играат екипите на Удинезе и Фиорентина.Во калчо лигата веќе играа овие две екипи и завршија со резултат 1:0 за екипата на Удинезе.

Фиорентина во мометов има тројца повредени првотимци,а можеби и најдобрите поединци Роси,Гомез и Борха Валеро,додека екипата на Удине пак се во многу лоша форма,тие се на 15-то место во калчо лигата и во последните пет натпревари имаат 4 порази и една победа,додека Фиорентина имаат 2 победи,2 нерешени и еден пораз.

Од друга страна пак Удинезе во купот победи против Милан на гости 1:2 и со Интер дома 1:0.

Во полуфиналето се играат две утакмици (гости,дома) па се очекува тактизирање од страна на двете екипи и при тоа помалку погодоци.

Традицијата пак е доста изедначена 9 победи за Фиорентина 8 победи за Удинезе и 3 нерешени.И тоа е уште еден факт дека вечерва ќе се игра тврд и со помалку погодоци фудбал.

DEN HAAG-HERACLES ALMELO 3+ (1.6)

Во 19.45 се играат 3 натпревари од Холандската Ередивисе лига.Нашиот избор е натреварот Ден Хаг-Хераклес 3 или повеќе погодоци.Екипата на Ден Хаг се наоѓа на последната позиција и со шанса за опстанок,во последните 5 натпревари има 4 порази и само една победа,и скор од 16 дадени и 20 примени голови или 3 или повеќе по натпревар.

Хераклес од друга страна има 17 дадени и 19 примени исто 3 или повеќе голови по натпревар и во последните 5 натпревари има 2 победи,2 порази и 1 нерешен натпревар.

И традицијата е на страната на 3 или повеќе голови,имено од 15 меѓусебни натпревари 11 завршиле со 3 или повеќе голови.

Ohridnews