IPSWICH-BLACKPOOL 1 (1.85)
Денес во 16.00 часот во Чемпионшип лигата се среќаваат екипите на Ипсвич и Блекпул.Наш избор е екипата на Ипсвич која годинава на домашен терен е безпрекорна и во последните 5 натпревари има 2 победи,2 нерешени натпревари и 1 пораз.
Од друга страна пак Блекпул во последните 5 натпревари има 2 нерешени натпревари и 3 порази. И традицијата е на страна на екипата на Ипсвич,имено Ипсвич имаат 10 победи,9 нерешени натпревари и 5 порази.
Друга причина за овој избор е и фактот што Ипсвич има шанса за разигрување за пласман во Премиер лигата и не веруваме дека ќе ја прокоцкаат шансата да се доближат до првите 6 кикснувајќи против далеку послабиот Блекпул.
HOFFENHEIM-STUTTGART 3+ (1.6)
Денес во 15.30 продолжува 21-то коло од германската Бундес лига.Наш избор е натпреварот помеѓу Хофенхејм и Штутгарт,а типуваме на повеќе голови и динамичен фудбал.
Хофенхејм во последните 13 натпревари дома изиграле со 3 или повеќе голови,во последните 5 натпревари имаат 1 победа,2 нерешени натпревари и 2 порази.
Од друга страна пак екипата на Штутгарт е во очајна ситуација и во последните 5 натпревари и 5 порази и сите натпревари завршувале со 3+ голови.
И традицијата е на страна на нашиот тип,имено од 8 меѓусебно одиграни натпревари помеѓу овие две екипи,дури 5 завршиле со 3 или повеќе голови.
Останува да видиме дали денес ќе продолжи традицијата на брз динамичен и со многу голови натпревар помеѓу овие две екипи.
Ohridnews