VERONA-TORINO 0-2 (1.85)
Вечерва во 20.45 се затвара 24-то коло во италјанското калчо,честа ја имаат екипите на Верона и Торино. Овие две екипи се соседи на табелата,Торино е на 8-та позиција,а Верона на 7-та и и двете екипи имаат шанса за излез во Европа.
Според тоа типуваме на натпревар со малку голови. Во последните 5 натпревари Верона има 1 победа против екипата на Сасуоло со резултат 1:2,1 нерешен натпревар против екипата на Јувентус со резулата 2:2 и 3 порази (Рома 1:3,Милан 1:0,Наполи 0:3).
Од друга страна пак Торино има 2 победи (Аталанта 1:0,Сасуоло 0:2),2 нерешени натправари (Милан 1:1,Фиорентина 0:0) и 1 пораз од екипата на Болоња со резултат 1:2.
Според традицијата на меѓусебни натпревари,пак Торино има 4 победи 2 порази и 2 нерешени натпревари и давале по 1.5 гола на натпревар,додека Верона давале по 1.6 гола по натпревар.
Како и да е ова е битен натпревар за двете екипи и очекуваме доста тактизирање на тренерите на двете екипи.
Ohridnews