USA-SLOVAKIA 1 (1.55)

На олимписките игри во Сочи вчера започна и турнирот во хокеј на мраз,а го отворија репрезентациите на Шведска и Чешка и заврши со резултат 4:2 во корист на Шведска. Денес продолжуваат другите репрезентации,а на програмата има 4 натпревари.

Нашиот избор е репрезентацијата на Соединетите Американски Држави,која ја има најдобрата лига во светот а и до сега има 2 злата,8 сребра и 1 бронза на олимписките игри.

Од друга страна и Словачка не е за потценување која поголемиот број на играчи и настапуваат во американската NHL лига,и имаат освоено,но како федерција Чехословачка,4 сребра и 4 бронзи на предходните олимписки игри. Дали САД ќе ја оправда улогата на фаворит останува да видиме во 13.30.

G.DIMITROV-GULBIS E. 1 (1.6)

На АТП турнирот во Ротердам продолжува 2-то коло,како најинтересен меч е Димитров-Гулбис.

Во прашање се два одлични тенисери.Димитров е фокусиран на желбата да стигне што понатаму и му успева сега за сега,додека Гулбис не е толку амбициозен и е без резултат до сега.

Таа разлика на овие два тенисери денеска би требало да биде и клучна во корист на Димитров. Во предходниот меч Димитров изгуби само еден сет против Турсунов и остави голем впечаток,јак е на сервис и сите удари беа прецизни и на место.

Од друга страна пак Гулбис беше подобар од Истомин со 2:0,но не толку уверлив како Димитров. Досега овие два тенисери немаат играно меѓусебно ниту еднаш.

Ohridnews