DNIPRO-TOTTENHAM 2 (2.65)
Денес се игра осмина финалето во Лига Европа.Играат екипите на Днипро и Тотенхем. Наш избор е екипата на Тотенхем,која ја изгуби трката за ФА купот и Capital One купот.На Тотенхем не им останува ништо друго освен што подалеку да стигнат,а и ако може да ја освојат Лига Европа,а и зошто да не кога имаат одлична екипа.
Во Премиер лигата се наоѓаат на 5 позиција со 7 бода заостанување за првиот Челзи и во последните 5 натпревари имаат 3 победи (Њукасл 0:4,Евертон 1:0 и Свонси 1:3),1 нерешен натпревар против Хал со резултат 1:1 и огромниот пораз од Манчестер Сити со резултат 1:5.
Во Лига Европа Тотенхем се пласираше како прва со 100 % учинок,од 6 натпревари 6 победи,оставајќи ги зад себе екипите на Анжи,Шериф и Тромсо.
Од друга страна пак екипата на Днипро и не е во некоја форма,имено во украинското првенство во последните 5 натпревари имаат 1 победа,3 нерешени натпревари и 1 пораз,а се наоѓа на 4-та позиција со негатива од 6 бодови од првиот Шахтјор.
Во Лига Европа Днипро играше во Е групата и заврши како 2-ро пласирана позади Фиорентина а оставајќи ги зад себе екипите на Пакош Фереира и Пандури,со скор од 4 победи и 2 порази.
Интересно е што овие две екипи до сега немаат играно меѓусебно. Tотенхем е во подем и сигурен,дали ќе ја оправда својата улога вечерва останува да видиме во 19.00 часот.
PLZEN-SHAKHTAR 2 (2.0)
Во Европа лигата друг интересен натпревар ќе биде двобојот помеѓу Плзен и несреќно елимираниот од Лигата на Шампиони Шахтјор.
Во мометов посилна е екипата на Шахтјор со голем избор на играчи кои играат брз и динамичен фудбал. И двете екипи се пласираа во осмина финалето како 3-то пласирани во Лигата на Шампиони.Шахтјор играше во група со Манчестер Јунајтед,Баер Леверкузен и Реал Сосиедад,а Плзен беше во група со Баерн Минхен,Манчестер Сити и ЦСКА Москва.
Во украинската лига екипата на Шахтјор се наоѓа на првата позиција со 5 бодови позитива пред Металист и во последните 5 натпревари има 4 победи и 1 пораз што укажува на убавата форма на Шахтјор.
Од друга страна екипата на Плзен играат во чешката гамбирнус лига и се 2-ри со негатива од 5 бодови зад екипата на Спарта Прага.
Во последните 5 натпревари се идентични како својот противник со 4 победи и 1 пораз. Досега овие две екипи се немаат сретнато меѓусебно.
АJAX-SALZBURG 1 (1.95)
Друг интересен натпревар е натпреварот помеѓу Ајакс и Салзбург.Наш избор е екипата на Ајакс која несреќно во последен момент го загуби местото во осмина финалето во Лигата на Шампиони каде завршија како трети позади екипите на Барселона и Милан оставајќи ги зад себе Селтик.
Ајакс во холандската Ередивисе се наоѓа на првата позиција со 4 бода разлика од вториот Твентне и во последните 5 натпревари имаат 3 победи(Херенвен 3:0,Гронинген 2:1,Г.А. Иглс 0:1) и 2 нерешени натпревари(Цволе 1:1,Утрехт 1:1(и двата натпревари се на гости)).
Од друга страна екипата на Салзбург игра во австриската бундес лига и во последните 5 натпревари е 100 % со 5 победи.
Во осмина финалето на Лига Европа се пласираше како прва со 100 % учинок од 6 победи оставајќи ги зад себе екипите на Есбјерг,Елфсборг и Стандард.
Екипата на Салзбург е до сега одлична,но Ајакс е далеку подобра екипа со одличен среден ред и не би требало да ја прокоцка шансата на домашен терен. Досега и овие две екипи се немаат сретнато.
Ohridnews