Советот на општина Охрид веќе втора седница по ред го одложува донесувањето на летниот режим на сообраќај што на сила треба да биде до 1 септември. Ниту денеска советниците не успаа меѓусебно да се убедат дека предлогот на Одделението за сообраќај е добар.
Советот никако да го донесе летниот режим на сообраќај
Според советникот од мнозинството, Гоце Дишлиески, и годинава како и во минатите две години предложениот сообраќаен режим не е реален. Тој тврди дека дури 70% од летниот режим на сообраќај не се почитува и дека е потребно поиздржано решение.
Дишлиески забележа дека предлог одлуката не ја разгледала општинската комисија за безбедност во сообраќајот, што според него е сериозен пропуст на предлагачот.
Градоначалникот Петрески контра ваквата теза, истакна дека предлог одлуката за сообраќаен режим во летниот период била донесена во соработка со полицијата и граѓаните, кои како што рече можеле да се изјаснат по истиот за време на јавната расправа кога планот бил ставен на јавен увид.
Откако по пазузата не успеаа да се договорат советниците расправата по предлог одлуката за сообраќаен режим во летната сезона, ја одложија за во петок кога Советот ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа само по оваа точка.
Претходно советот едногласно го донесе новиот Статут на општината.
Г. Момироски