Иако последните денови има благо опаѓање на бројот на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок донесе предлог да останат во сила веќе постоечките рестриктивни мерки. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 27 случаи со Ковид, од 1.314 тестирања. Почнаа со работа и пунктовите за вакцинација во Струмица и Штип, а продолжи имунизацијата во останатите регионални пунктови. Исто така, на граничниот премин Станке Лисичково – Делчево вчера стартуваше вакцинацијата на пријавените граѓани од пограничниот регион.
Според постоечките рестриктивни мерки, забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот. Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.
Според извештајот на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 27 случаја на заболени од Ковид-19. Починаа 19 лица, а оздравени се 192 пациенти. На инфективните одделенија низ болниците во државата и во Скопје се лекуваат вкупно 490 пациенти, од кои 30 во Охрид. Има околу 750 слободни кревети во ковид центрите.
OhridNews
Фото: МИА