Со цел директно вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки во локалната власт, денес во Општина Струга се одржа јавна дебата за предлог-буџетот за 2022 година.
На дебатата учество зедоа претставници од граѓанскиот сектор, од локалните заедници, младите луѓе од невладините организации и останати граѓани.
Учесниците ги презентираа проблемите со кои се соочуваат во своето секојдневно живеење, како и дадоа свои предлози за активности и нови проекти во градот за подобрување на условите за живот. Сите дадени идеи и предлози ќе бидат земени предвид, секогаш за подобра Струга и потранспарентна општина, велат од Општина Струга
Од секторот за финансиски прашања беше појаснато дека буџетот е подготвен врз основа на податоците собрани од сите сектори и општински директори, јавни претпријатија, основни и средни училишта, како и од градинките.
OhridNews