Американка која предизвикала судар на пет автомобили бидејќи поминала на црвено светло, имала инвентивно извинување. Вниманието и го одзела голата сопатничка од задното седиште. Тиа Лимитон (22) од Флорида, САД, возела нормално се додека сопатничката која седела на задното седиште не почнала да стенка.
Се свртела да види дали се е во ред со нејзината пријателка и не забележала дека се запалило црвеното светло. Удрила во автомобил кој сакал да сврти лево. Тоа возило се превртело, го турнал автомобилот на Тиа во гужвата, па удрила во три автомобили пред да застане. За среќа, сите учесници поминале со само полесни повреди.
-Голата пријателка се пресоблекувала, – објаснил портпаролот на полицијата.